Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Неточно е дека преговараме за амнестија

ВМРО-ДПМНЕ: Неточно е дека преговараме за амнестија

Апсолутно е неточно дека ВМРО-ДПМНЕ бара и преговара некаква амнестија. Ваквите неточни брифирања од СДСМ се само обид да се дефокусира вниманието на јавноста од актуелните случувања поврзани со штетниот договор со Грција кој ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа, порача најголемата опозициска партија.

„СДСМ треба да престане да ја дезинформира јавноста и да дефокусира од заложништвото во кое ја втурна прифаќајќи го штетниот договор со Грција. И во однос на некои надежи и пишувања дека се договарало некаква возратна амнестија во стилот СДСМ сега, па потоа ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе овозможи друга амнестија, би порачале дека најдобар демант за ова ќе биде времето кое ќе покаже дека одговорност ќе има за сите оние пречекорувања на Уставот и законите кои сега се случуваат“, се вели во соопштението.