Македонија ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ ништо не е свето, ниту празници, ниту државни интереси

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ ништо не е свето, ниту празници, ниту државни интереси

СДСМ покажува дека за него нема ништо свето, ниту празници, ниту национални и државни интереси, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на утринското соопштение на СДСМ.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека тоа е очекувано од партијата која, како што велат, се однароди и се врза со нарко-мафијашкото подземје.

„Народот јасно им порача дека нивното дилетантско политикантство не поминува. Народот јасно им порача дека не поминува ниту тиранската платформа, ниту негирањето на македонскиот народ, химна и знаме, сè она за кое што СДС упорно молчи, а под маса го договара. СДС и аболираниот криминалец Зоран Заев се обидуваат со прифаќање на странски платформи и негаторски изјави по секоја цена да избегаат од соочување со правдата за криминалот што го направиле“, се вели во соопштението.