Главна секција ВМРО-ДПМНЕ: Министрите наместо на работа се во партиските штабови на СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Министрите наместо на работа се во партиските штабови на СДС

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини Владата дека ги користи државните ресурси за партиски потреби.

„Спротивно на закон, министрите, наместо на работа, за што се платени од граѓаните и земаат плата, се во партиските штабови на СДС. Наместо сопствени возила, тие користат државни ресурси“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека власта продолжува да спроведува политичка хајка поради стравот од резултатите од претстојните локални избори.

„Дополнително продолжуваат со политичката хајка, паниката и стравот од пораз која се затскрива со измислени кривични пријави против градоначалници. Власта покажува неспособност да менаџира со процесот на избори. Секој ден паниката е сè поголема во редовите на СДС затоа што се ближи поразот од граѓаните“, се вели во соопштението и се додава дека граѓаните со пенкало в рака ќе се изборат за новата ера во Македонија.