Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е Манчевски и СДСМ да говорат за воздухот во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е Манчевски и СДСМ да говорат за воздухот во Скопје

Дамјан Манчевски и СДСМ, да знаеја да го решаваат проблемот со квалитетот на воздухот, тоа ќе го направеа во општините каде што се на власт, во Струмица и во Куманово, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Манчевски.

„Овие два града се најзагадените во Македонија, со највисоко ниво на ПМ10-честички во воздухот. Од СДСМ се заборавија од овторување на тезите дека спровеле гасификација на овие две општини, а сепак тие два града повторно се најзагадени. Тоа е резултат на нивната неспособност и на бизнисите за фиктивна гасификација. Оттука е крајно лицемерно Дамјан Манчевски и поразениот СДСМ да говорат за воздухот во Скопје. Впрочем, СДСМ, кога имаше можност нешто да инвестира за Скопје, не мрдна ни со мал прст“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека квалитетот на воздухот во Скопје бара системско решение, а не од ракав истресени памфлети, какви што, како што посочуваат, лиферува СДСМ.