Економија ВМРО-ДПМНЕ: Инвестиравме повеќе од една милијарда евра во енергетски проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестиравме повеќе од една милијарда евра во енергетски проекти

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години инвестираше повеќе од една милијарда евра во енергетски проекти и во модернизација на постојните енергетски капацитети, се вели во реакцијата на партијата на власт, на прес-конференцијата на претседателот на комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски.

Од владејачката партија додаваат дека успешно е либерализиран пазарот на електрична енергија, а почнало и искористувањето на обновливите извори на енергија.

– Создадена е соодветна регулатива врз која во изминатите десет години изградени се повеќе од 60 мали хидроелектрани, изградени се редица значајни капацитети за пренос на електричната енергија, а во моментов се спроведува и проектот за целосна гасификација на Македонија – се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.