fbpx

Андреевски: Струјата е поскапена за 100 проценти од 2006 година досега

-

„Плаќаме повисоки сметки за електрична енергија за повеќе од 100 проценти денес во однос на 2006 година. Причина за тоа се криминалните политики на оваа власт во енергетскиот сектор, со кои се збогатија енормен број луѓе блиски до неа, на сметка на граѓаните“, изјави претседателот на Комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски, на денешната прес-конференција.

Тој на прес-конференцијата прикажа сметка од 2006 година во која за потрошена електрична енергија биле потребни 622 денари, а денес за истото количество потрошена електрична енергија потребни се 1.820 денари.

– Тоа е повеќе од двојно бидејќи во неа власта вметна и други ставки што ја оптоварија финалната цена. Во 2011 година, оваа власт ја укина евтината струја и нè убедуваше дека тоа ќе значи  поголемо домашно производство, намален увоз на електрична енергија и намалени трошоци за електрична енергија.Фактите го покажуваат спротивното. Има пад на домашното производство на електрична енергија од цели 25 проценти. Имаме зголемен увоз на електрична енегрија за 38 проценти – изјави Андреевски.

Тој додаде дека во македонските електрани работат надворешни фирми, со високи профити.

– Увозот не електрична енергија е на ниво од 200 милиони евра годишно. Секое семејство, секој еден од нас ги плаќа тие договори. Тоа е еквивалнтно на 100 евра по жител годишно – додаде тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...