Македонија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Собранието се натпреваруваа кој е поголем патриот

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Собранието се натпреваруваа кој е поголем патриот

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Собранието се натпреваруваат кој е поголем патриот. Дискусијата за Законот за трговски друштва, односно за усогласување на овој закон со Законот за прекршоци, се разви околу тоа кој повеќе ги сака граѓаните и државата.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Тренев, од говорницата, реплицирајќи му на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, рече дека опозициската партија не може да се натпреварува со неговата партија во патриотизам.

– Народот не очекува од СДСМ да е патриотска партија. Од вас очекува човечки фактор. Дури и Заев го има речено тоа. Од вас народот очекува нов Киро Глигоров и нов Таки Фити. Со нас за патриотизам да не се мерите. Тоа е наш терен – рече Тренев.

На ова пратеникот Локвенец реплицираше дека со драконските казни што се предвидени во законот тешко можат да се преправаат дека ги сакаат граѓаните.