Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Груевски не ги испишал децата од ОУ „Димитар Миладинов“

ВМРО-ДПМНЕ: Груевски не ги испишал децата од ОУ „Димитар Миладинов“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ги нема испишано децата од училиштето „Димитар Миладинов“, ниту планира да заминува некаде, соопшти ВМРО-ДПМНЕ вечерва, реагирајќи на некои пишувања во медиумите дека поранешниот премиер ги испишал ќерките од училиштето.

„Напротив, Никола Груевски се подготвува заедно со народот да извојува победа на претстојните избори и да го означат крајот на срамното владеење на оваа расипничка гарнитура“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.