Главна секција ВМРО-ДПМНЕ го врати „М“ во СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ го врати „М“ во СДСМ

По 16-от конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово на 22 и 23 декември 2017 година и изборот на новиот претседател, во секојдневната комуникација на најголемата опозициска партија со јавноста, како и во изјавите на нејзините први луѓе, нема „ес-де-ес“ како навредливa квалификација за владејачката СДСМ.

Ословувањето на партијата „без М“ беше редовна практика во најголемиот дел на минатата година откако се појави Албанската платформа и ВМРО-ДПМНЕ порача дека „коалицијата на СДСМ со ДУИ и другите албански партии значи дека партијата се откажала од Македонија“ и работи против нејзините интереси и порача дека не заслужува „М“ во името.

Тоа, со ретки исклучоци и тоа главно во прес-конференции и соопштенија на општинските комитети, прекинува некаде на почетокот на декември, со најавата од Никола Груевски дека ќе се повлече од претседателската фотелја, за потоа партијата повторно да го врати „М“ во СДСМ.