Македонија ВМРО-ДПМНЕ го осуди обидот за убиство на Тодоров, бара одговорност

ВМРО-ДПМНЕ го осуди обидот за убиство на Тодоров, бара одговорност

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение денеска го осуди обидот за убиство на Никола Тодоров, остро го нападна СДСМ како подготвувач на теренот за посегнувањето по животот на досегашниот министер за здравство и побара одговорност и од владејачката партија и од „Шарената револуција“.

„Сега јавноста може да ја види катастрофата од деструктивната политика што следи како нуспродукт од насилничкото враќање на животот. СДС и Заев долго време го подготвуваа теренот за ваквиот монструозен акт. Долго време го напаѓаа и го навредуваа Тодоров нарекувајќи го „министер смрт“. Таканаречената „Шарена револуција“ и СДС долго време ширеа хистерија и повикуваа на насилство. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.