Македонија ВМРО-ДПМНЕ го осуди монструозниот терористички напад во Париз

ВМРО-ДПМНЕ го осуди монструозниот терористички напад во Париз

ВМРО-ДПМНЕ го осудува монструозниот терористички напад што вчера се случи во Франција, во кој жртви беа стотици невини луѓе.

„Ова претставува удар не само за Франција и за францускиот народ, туку и удар кон демократските вредности и слободата. Нашите мисли се со францускиот народ затоа што Македонија најдобро ја разбира ваквата болка. Македонија сочувствува со жртвите од терористичкиот напад во Париз затоа што и самите сме положиле голем број жртви во справувањето со тероризмот“, стои во соопштението.