Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Гласавме за професионално СЈО, а не за послушник на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Гласавме за професионално СЈО, а не за послушник на Заев

Специјалното јавно обвинителство е продолжена рака на аболираниот криминалец Зоран Заев, стои во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, во кое се додава дека СЈО ја има улогата на цензор за да расчисти со медиумите што не му се под контрола и кои самиот Заев ги прогласи за непријатели.

„ВМРО-ДПМНЕ гласаше за СЈО кое професионално, непристрасно и неселективно ќе си ја врши работата. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО што ќе биде прв соработник и послушник на аболирани криминалци и ќе служи како општинска организација на криминогеното раководство на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе заплашува и ќе затвора медиуми. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе вработува роднини и партиски членови на СДСМ и ќе ангажира функционери и поданици на аболираниот криминалец Заев како експерти“, стои во соопштението.

Од партијата велат дека со самото откажување од случајот „Пуч“, со пуштањето од притвор на Верушевски и со сегашниот атак кон медиумите, СЈО потврди дека нема ниту една рационална причина за продолжување на неговиот мандат.