Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Да не се плашеше СДСМ од народот, ќе имаше избори во...

ВМРО-ДПМНЕ: Да не се плашеше СДСМ од народот, ќе имаше избори во мај

„Да не се плашеше СДС од сопствениот народ, локални избори заедно со нови предвремени парламентарни избори ќе имаше во првата половина на мај. Да не му беше на СДС поважна тиранската платформа и континуираното провоцирање кризи, граѓаните ќе гласаа согласно законот на 7 или на 14 мај, односно за две недели отсега“, одговори ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Дејан Павлески од СДСМ.

„Аболираниот криминалец Зоран Заев одлучи дека му е поважно да формира влада врз темелите на тиранската платформа, за да се спаси себеси и раководството на СДС од кривична одговорност. Затоа Заев упорно одбива какво било решение кое води кон излез од кризата, се обидува да ја блокира државата и бега од избори. ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДС да собере храброст и да излезе на локални избори кои би се одржале на ист трошок, заедно со предвремените парламентарни избори. Граѓаните мора да добијат шанса да се произнесат околу намерите на Заев да воведе двојазичност на територија на цела Македонија, да воведе двојазични банкноти, да ги промени грбот, знамето, химната и името на државата и да спроведе федерализација или кантонизација, онака како што ветуваше во Швајцарија“, се вели во соопштението од СДСМ.