fbpx

Павлески: Поради неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, општините и училиштата ќе бидат блокирани

-

„Со блокадата на Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го блокираат и изборот на новиот собраниски претседател, кој единствено може да ги закаже локалните избори. Во вакви услови, кога нема нов датум за локалните избори, а градоначалниците и советите целосно ги губат своите овластувања, се доведува во прашање целокупната работа на општините, како и работата на јавните претпријатија, училиштата, градинките, дневните центри за социјална грижа и сите установи под општинска надлежност“, порача денеска на партиска прес-конференција Дејан Павлески, претседател на комисијата за локална самоуправа на СДСМ.

– Мора веднаш да прекине неразумното однесување на Никола Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Овие неодговорни луѓе преку закани за насилство го блокираат целиот државен систем, што за три недели би се прекршило врз егзистенцијата на граѓаните со хаос во државата. За три недели, на 15 мај, градоначалниците и советите на општините целосно ги губат своите ингеренции и овластувања – предупреди Павлески.

Тој рече дека кога ќе се случи тоа, граѓаните ќе останат без еднократната социјална помош што им следува по закон, социјално загрозените лица ќе останат без субвенциите за комунални трошоци, врботените во општините ќе останат без плата, исто како и вработените во училиштата, градинките, културните установи од локален карактер, како и вработените во противпожарните единици и во другите општински установи.

– Ќе застане реализацијата на сите потреби на граѓаните. Нема да може да се издаваат одобренија за градба, решенија за легализација на бесправно изградени објекти и други слични решенија, Нема да има кој да потпише акти што произлегуваат од општинските штабови за заштита и за спасување, доколку е тоа потебно, со што се доведува во ризик безбедноста и здравјето на граѓаните. Укажуваме дека единствено Собранието на Република Македонија е овластено да донесува, да изменува и да дополнува закони. Уставниот суд не може да го реши проблемот. Поради тоа единствено решение на овој проблем што го создаде Груевски, преку Трајко Велјаноски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов, е итна деблокада на демократските процеси – порача Павлески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...