Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Ако не успеат преговорите, и за нас се сите опции отворени

ВМРО-ДПМНЕ: Ако не успеат преговорите, и за нас се сите опции отворени

ВМРО-ДПМНЕ вели дека нејзините претставници на работните групи се однесуваат принципиелно, а во согласност со Договорот од Пржино, но од СДСМ се обидувале по секоја цена, со паушални толкувања, да бараат негово проширување и дополнување.

– И за нас се отворени сите опции. Отворени се сите опции за активности и за дејства предвидени со законите и со Уставот кои како практика постојат во сите демократски земји и кои се потврдени со волјата на народот – велат од ВМРО-ДПМНЕ.