Дописници Влакнестите палми во Охрид добија зимски заштитни костуми

Влакнестите палми во Охрид добија зимски заштитни костуми

Влакнестите кинески палми во Охрид, денеска добија зимски заштититни костуми. Работниците на „Охридски комуналец“ ги заштитија палмите пред најавеното заладување во наредниве денови.

Заштитени се вкупно 200 влакнести палми, колку што Охрид доби од контингентот од 1.100 палми, што Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ги увезе од Кина.

Во Охрид палмите се засадени по должината на шеталиштето на градскиот кеј, пред Центарот за обука на вода на АРМ, како и по должината на шеталиштето од мостот Студенчишта, па сè до поранешниот хотел „Парк“ во месноста Горица.
Засадувањето на палмите во Охрид ЈП „Македонски шуми“ го најави како проект за градење на имиџот на Охрид како град на палмите.

Покрај во Охрид, палми се засадени во Скопје, Струга, Преспа, Прилеп, Дојран и во Гевгелија.