Македонија Владите на Македонија и на Србија ќе одржат заедничка седница

Владите на Македонија и на Србија ќе одржат заедничка седница

Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија денеска ќе одржат заедничка седница.

Пред владината седница ќе се одржи и тет-а-тет средба на претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и на претседателот на Владата на Република Србија, Александар Вучиќ.

Ќе се одржат и поединечни средби на ресорните министри од двете влади.