Македонија Владина делегација ќе брка инвеститори во САД

Владина делегација ќе брка инвеститори во САД

Kryeministri Nikloa Gruevski

Владина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, од денеска во наредните неколку денови ќе биде во работна посета на Њујорк и на повеќе други градови во САД, за да ги презентира можностите за отворање бизнис во Македонија.

Економската посета почнува денеска попладне по американско време, со бизнис-форум во Њујорк што ќе го отвори премиерот Никола Груевски.

Бизнис-форумот ќе се реализира во соработка со групацијата „Фајненшл тајмс“, при што пред повеќе претставници на бизнис-секторот од Њујорк и од САД, ќе бидат преставени инвестициските можности и потенцијали кои стојат на располагање за инвестирање во Македонија.