Македонија Владина делегација положи цвеќе на гробот на првиот претседател Киро Глигоров

Владина делегација положи цвеќе на гробот на првиот претседател Киро Глигоров

Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом, на 94-годишна возраст

Фото: Влада на РСМ, 1 јануари 2024 година.

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Денеска навршуваат 12 години од смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на самостојната македонска држава.

Глигоров е еден од најистакнатите градители на современото македонско општество, чувар на мирот, доследен и успешен следбеник на македонските дејци за независна и признаена држава.

Претседателот Глигоров на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата и беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН.

Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом, на 94-годишна возраст.