Македонија Владиката Петар, во Мелбурн, повикан на разговор во полиција

Владиката Петар, во Мелбурн, повикан на разговор во полиција

Надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, Владиката Петар утрово бил приведен и повикан на информативен разговор во полицијата во Мелбурн, пренесе Религија.мк.

Двајца детективи од одделот за криминологија на полицијата во Викторија го посетиле домот каде престојува владиката, а по краток разговор го повикале во полициска станица.

Од МПЦ засега нема никаков коментар и официјален став. За веста слушнале од медиумите, но додека не добијат официјална потврда не сакаат да даваат какви било коментари.