понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Мелбурн | 16 резултати

Бурна биографија на „боемот“ Борис Трајков, обвинет за проневера во Мелбурн

18 октомври 2017

Медиум на македонски јазик во Австралија, Борис Трајков го нарекува „боем“ и „плејбој“. Австралиската државна телевизија „Еј-би-си“, пак, со него се занимава како осомничен за проневери вредни милиони австралиски долари, како човек уапсен во јануари годинава поради одгледување значителни количества марихуана, како човек што крадел струја додека бил пуштен на слобода со кауција… Австралискиот новинар со […]

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на долна облека

17 октомври 2017

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите „Си-би-ес“, заврши на суд и мора да враќа околу милион австралиски долари, под обвинение дека проневерувал пари, јави австралиската државна телевизија „Еј-би-си“. Трајков, кој во 1991 година го добил одликувањето Редот на Австралија за неговата работа за македонската заедница во […]

Македонски Австралиец убиен во ресторан во Мелбурн, напаѓачите избегале

9 септември 2017

Дени Димовски (31) е избоден до смрт во тепачка на забава во еден ресторан во западниот дел на Мелбурн, Австралија, јавуваат австралиските медиуми. Несреќниот настан се случил во ресторанот „Корзо грил“ во Каролин Спрингс, во раните утрински часови во саботата. Полицијата соопшти дека групата избегала од местото на настанот. Групата заминала пеш од македонскиот ресторан […]

Авион се урна во трговски центар во Мелбурн, пет лица загинаа

21 февруари 2017

Мал авион „бичкрафт“, во кој имало пет лица, се урна во трговски центар во близина на аеродромот „Есендон“ во Мелбурн. Агенцијата АФП пренесе дека од местото каде што се урнал авионот се издигнува густ црн чад. Трговскиот центар не бил отворен кога се случила несреќата. Австралиските власти не го соопштуваат точниот број на загинати, но […]

Резолуција на Македонците од Мелбурн до претседателот Иванов

24 јануари 2017

Македонците од Мелбурн и од Викторија денеска испратија резолуција до претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, во која се наведува дека со голема загриженост ја следат политичката постизборна состојба во Македонија затоа што наместо решение за политичката криза, земјата навлегува во подлабока и неизвесна политичка иднина. „Бараме од Вас безусловно да го штитите и да го спроведувате […]

Владиката Петар, во Мелбурн, повикан на разговор во полиција

17 август 2016

Надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, Владиката Петар утрово бил приведен и повикан на информативен разговор во полицијата во Мелбурн, пренесе Религија.мк. Двајца детективи од одделот за криминологија на полицијата во Викторија го посетиле домот каде престојува владиката, а по краток разговор го повикале во полициска станица. Од МПЦ засега нема никаков коментар и официјален став. […]

Балкански фестивал на народни песни и игри во Охрид

7 јули 2016

Од денеска па сè до 10 јули, на отворената сцена Долни сарај во Охрид ќе се одржува јубилејното, 55. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Свеченото отворање ќе биде со настап на „Танец“, со почеток во 21 часот. На 8 јули, настап ќе има ансамблот „Александар Трети Македонски“ од Мелбурн – Австралија, како […]

Пожар во македонската црква „Свети Никола“ во Мелбурн

30 јануари 2016

Во македонската црква „Свети Никола“ во Престон, Мелбурн, Австралија, денеска во 12.30 часот по австралиско време избил пожар. Причинета е материјална штета, а повредени нема, пишува „Фаланга“. Пожарот, според зборовите на член од противпожаната служба, почнал од струјомерот во црковната зграда. Во моментот кога почнал пожарот, на првиот кат престојувал монахот Никодим Солунчев и спас […]

Македонците од Австралија собраа 90.000 австралиски долари за поплавените во Македонија

20 март 2015

На донаторската акција во организација на Амбасадата на Македонија во Канбера и на Генералниот конзулат во Мелбурн за поплавените подрачја во Република Македонија, собрани се околу 90.000 австралиски долари. Како што соопштија од македонскиот конзулат во Мелбурн, во акцијата иницирана од неколку македонски иселеници, со свои прилози на посебната сметка за донации се вклучија сите здруженија, […]

Алонсо нема да вози во Мелбурн

3 март 2015

Фернандо Алонсо нема да вози на првата трка од новата сезона во Формула 1 во Мелбурн, а на негово место во болидод ќе седне тест-возачот Кевин Магнусен, соопштија од Мекларен-Хонда. Докторите во Шпанија не востановиле никаква повреда, ниту потрес на мозокот, но тие му препорачале и понатаму да мирува бидејќи останал без свест при излетувањето […]

Тимотеј: Работиме на надминување на недовербата

3 февруари 2015

Во функција на надминување на 16-годишниот спор, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј, по 20 години „австралиски пост“, деновиве повторно престојува на потконтинентот, во обид за надминување на недоразбирањата што владиката Петар ги има со некои македонски црковни општини. Во интервју за австралиското радио СБС, владиката Тимотеј вели дека таму е со одредена должност, да […]

Божикен ручек, подарок од македонските иселеници во Австралија

8 јануари 2015

Македонските иселеници во Австралија, собрани околу охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“, со седиште во Мелбурн, направија хуман гест, организирајќи божикен ручек за згрижените лица во Одделението за геријатрија при Општа болница во Охрид. Тие поминаа неколку убави часови во празнична и весела атмосфера, додека за убавото расположение придонесоа и членовите на ансамблот „Билјана јуниор“, […]

Страна 1 од 1