Економија Владата со ново задолжување

Владата со ново задолжување

Ново ненајавено задолжување реализираше македонската Влада. Преку продажба на едногодишни обврзници, Владата позајми речиси 21 милион евра, објавува телевизија „Телма“.

Ова задолжување не беше предвидено во календарот за аукции на државни хартии од вредност на Министерство за финансии.

Позајмувањето од домашните кредитори се случува во момент кога треба на почне раздолжувањето на Владата, која треба да врати 45 милиони евра.

Заклучно со декември, вкупниот јавен долг на Македонија изнесува 3,9 милијарди евра или 45,8 проценти од домашниот бруто-производ.