Економија Владата си овозможи поголемо задолжување на домашниот пазар

Владата си овозможи поголемо задолжување на домашниот пазар

Владата на денешната седница го усвои предлогот на Министерство за финансии за изменување на одлуката за утврдување на максималниот износ на ново задолжување преку издавање државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар за 2017 година, соопшти владината прес-служба.

„Одлуката за задолжување на домашниот пазар е донесена поради тековните поволни услови во споредба со условите на меѓународниот пазар и поради интересот кај инвеститорите во домашни хартии од вредност“, стои во соопштението.