Македонија Владата распиша оглас за 30 директори на болници

Владата распиша оглас за 30 директори на болници

Владата распиша јавен оглас за организациски директори во јавните здравствени установи во земјава.

– Тој е еденаков по своите права и обврски со медицинскиот директор, тој не му е подреден нему, туку двајцата соработуваат како тим и двајцата имаат еднакви права, обврски и одговорности. Затоа е потребен добар тим за да може да се гази напред со реформите, да се остваруваат проектите од кои ќе имаат интерес и корист граѓаните на Република Македонија – изјави денеска на прес-конференција, портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Ќе бидат именувани организациски директори во 30-тина здравствени установи на терцијарно ниво.