Македонија Владата не расправала за ограда на границата со Грција

Владата не расправала за ограда на границата со Грција

Подигнувањето ограда на границата со Грција и евентуалното испраќање војска досега не било разгледано на седница на Владата, дознава „Мета“ од високи владини извори.

Од Владата, исто така, засега нема најава за продолжување на вонредната состојба на јужната граница со Грција. Владиниот извор вели дека македонската влада ќе дејствува во согласност со политиката на ЕУ и засега не размислува за затварање на границите по примерот на Унгарија.