Македонија Владата најави оперативен план за нови 8.700 вработувања

Владата најави оперативен план за нови 8.700 вработувања

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека годинава со новиот владин оперативен план за вработување е предвидено да се вработат околу 8.700 лица.

Груевски рече дека со планот, за кој од буџетот ќе бидат издвоени 11,5 милиони евра, ќе бидат опфатени 13.500 лица, од кои 8.700 се очекува да се вработат, додека другите ќе бидат испратени на обуки.

Конкурсот за првата програма од оперативниот план за вработување, како што соопшти Груевски, треба да биде објавен околу 15 јануари.