Македонија Владата ќе се откаже од ДДВ од хуманитарните телефонски броеви

Владата ќе се откаже од ДДВ од хуманитарните телефонски броеви

На наредната владина седница ќе биде донесена одлука за државата да се откаже од данокот на додадена вредност од пораките за донација на поплавените подрачја, велат владини извори за новинската агенција „Мета“.

Како што денеска пишуваше „Мета“, по отворањето на телефонските броеви за донација на настраданите од поплавите во Македонија, повторно се отвори дилемата дали е морално оправдано да се земаат пари за ДДВ кога тие одат во хуманитарни цели. Законот за ДДВ не предвидува ослободување од оданочување при вакви хуманитарни акции и тоа единствено може да се реши со одлука на Владата.