Економија Владата ќе расправа за ребалансот на буџетот

Владата ќе расправа за ребалансот на буџетот

Владата утре, со почетокот во 9 часот, ќе ја одржи 13. седница на која на дневен ред ќе биде предлогот за изменување и за дополнување на буџетот на Република Македонија за 2017 година.

„Во согласност со предложениот дневен ред, Владата ќе расправа по предлогот за изменување и за дополнување на буџетот на Република Македонија за 2017 година и за предлог-законот за дополнување на Законот за извршување на буџетот“, стои во соопштението на Владата.

На седницата, како што се додава, ќе биде разгледана и информацијата за мерките што се однесуваат на одржливите енергетски системи кои произлегуваат од повелбата за одржливост.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, пред десетина дена најави дека ребалансот на буџетот ќе се најде пред пратениците во законодавниот дом пред тие да заминат на летен одмор.