Македонија Владата ќе го разреши Каргов од претседателската функција на Инспекцискиот совет

Владата ќе го разреши Каргов од претседателската функција на Инспекцискиот совет

Владата објави оглас за именување претседател на Инспекцискиот совет, функција што во моментов ја извршува Ванчо Каргов, кој на ова место дојде од директор на Царинската управа на Македонија.

Претседателот на Инспекцискиот совет го избира и разрешува Владата, со мандат од три години, со право на повторен избор.

Каргов на оваа функција дојде во јануари минатата година.

Огласот за вработување ќе трае до 18 август.