Македонија Владата ќе го менува законот за поседување оружје

Владата ќе го менува законот за поседување оружје

На оние службени лица што во извршувањето на своите службени задачи по сила на закон имаат допир со оружје, доколку евентуално биле пријавени дека се осомничени како чинители на определено дело кое во себе содржи елемент на насилство, во соодветна процедура да им биде одземено, одлучила Владата на вчерашната седница, информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Формирана е посебна работна група со претставници од МВР, МО, МТСП, МЗШВ и други институции, кои во рок од една недела треба да подготват информација и да ја известат Владата околу можностите за креирање нова законска регулатива.