Македонија Владата ќе дава стипендии за доквалификување менаџери

Владата ќе дава стипендии за доквалификување менаџери

Во изминатите две години преку 250 граѓани се доквалификувале на Академијата за менаџери

Владата доделува стипендии во износ од 500 евра за доквалификување менаџери според програмата на Универзитетот „Шефилд“. Од вкупно предвидените 40 стипендии, 25 се за стратегиски маркетинг, а 15 се за финансии.

Поддршката е дел од проектот што го иницираше Сојузот на стопански комори (ССК), а се реализира во соработка со Министерството за образование и наука (МОН) и Академијата за менаџери, еден од шесте факултети на Меѓународниот Сити-колеџ на „Шефилд“.

Конкурост за стипендиите е објавен денеска, на интернет-страниците на МОН и Ана кадемијата.
За апликациите на конкурсот, кои заедно со потребните документи се доставуваат до МОН, ќе одлучува координативно тело формирано од претставници на Министерството, Сити-колеџот, Сојузот на стопански комори (ССК) и на Академијата. Избраните кандидати ќе следат предавања организирани еден викнед во ноември или декември, зависно од модулот, во времетраење од 22 часа. Секој што успешно ќе заврши, стекнува сертификат од Меѓународниот факултет на „Шефилд“ – Сити-колеџ.

Во изминатите две години повеќе од 250 граѓани од различни стручни профили вработени во приватниот и во јавниот сектор, се доквалификувале на Академијата за менаџери.