Македонија Владата го разреши Рашковски од позицијата владин претставник во „Телеком“

Владата го разреши Рашковски од позицијата владин претставник во „Телеком“

Владата на денешната 48 седница донела одлука да го разреши Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски од позицијата претставник на Владата во Акционерското Собрание на „Телеком“ и на таа позиција ја назначила Тања Чачарова Илиевска, советник за правда во на премиерот.

На владината седница било одлучено за директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, да биде именуван Ејуп Јахја, за директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Сеад Садуковски и за директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

За претставници во Советот на Институтот за македонска литература, Владата ги назначила Димка Митева, Љубица Станковска и Владимир Мартиновски.