Економија Владата формира работна група за тендер за избор на универзален снабдувач со...

Владата формира работна група за тендер за избор на универзален снабдувач со струја

На вчерашната 69. седница, министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата во врска со формирање на работна група која ќе подготви тендерска документација за спроведување на тендерска постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај со електрична енергија.

„Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен на економски прашања е задолжен во рок од 7 дена да формира работна група составена од претставници од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика. Предлог за членови и заменици членови во работната група до кабинетот на вицепремиерот, треба да достават Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика. Потоа оваа работна група, во соработка со секретаријатот на Енергетската заедница, во рок од 60 дена треба да ја подготви тендерската документација за спроведување на тендерска постапка по пат на јавен повик согласно прописите со кои се уредува набавка на јавна услуга за избор на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај со електрична енергија и да ја достави до Владата“, информираат од Влада.

Вчера, Законот за енергетика, кој предвидува избор на универзален снабдувач со струја, беше изгласан за Собранието.