Македонија Владата ќе бара заем за да го гради новиот Клинички центар

Владата ќе бара заем за да го гради новиот Клинички центар

Клинички центар Скопје

Владата издала задолжение на Министерството за финансии, во соработка со Министерството за здравство, да подготви оглас за барање заем за изградбата на новиот Клинички центар. Планот е да се земе заем од финансиски институции, билатерални кредитори или странски комерцијални банки.

Со Информацијата за постапката за изградбата на новиот клинички центар што била усвоена на вчерашната 134. седница на Владата, направена врз основа на студијата за изводливост и врз основа на податоците добиени од клиниките, се предлага интегриран објект до пет ката, со околу 102.000 квадратни метри површина. Во него би имало 1.300 болнички легла, 20 операциски сали, четири сали за ангиографија, 8 родилни сали и 65 амбуланти.

На вчерашната 134. седница, Владата исто така ги задолжила Министерството за здравство и Министерството за транспорт и врски за да ги дефинираат задолженијата и надлежностите на јавните претпријатија.