Македонија Вкупно 3.673 бегалци вчера влегле во Македонија

Вкупно 3.673 бегалци вчера влегле во Македонија

Вчера во Македонија влегле 3.673 странски државјани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив 1.741 се мажи, 725 жени и 911 се деца што го придружуваат носителот на потврдата.

Издадени се и 296 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на деца што патуваат без родител.

Според државјанството, најбројни се државјаните од Сирија – 1.570, Ирак – 1.174 и на Авганистан – 929.