Економија Вкупните депозити на банкарскиот сектор и понатаму се зголемуваат

Вкупните депозити на банкарскиот сектор и понатаму се зголемуваат

Вкупните депозити на банкарскиот сектор и понатаму се зголемуваат, но поради внатрешните политички случувања и должничката криза во Грција, тој пораст беше помал кај домаќинствата, се вели во соопштението на Народна банка.

– Зголемувањето на депозитите во банките произлезе од новите денарски депозитни средства на корпоративниот сектор, кои воедно придонесоа и за намалувањето на рочноста на депозитниот потенцијал – се вели во соопштението.

Во извештајот за ризиците во банкарскиот систем во вториот квартал од 2015 година, беше заклучено дека и во тој период вкупната актива на банкарскиот систем забележа пораст, во услови на побрз пораст на кредитите на нефинансиските субјекти, отколку на нивните депозити.