Македонија „Визер“ со нов лет Скопје-Салцбург од април 2024 година

„Визер“ со нов лет Скопје-Салцбург од април 2024 година

Авионските карти до Салцбург ќе чинат 1239 денари или 20 евра

Авиокомпанијата Визер (Wizz Air) денеска објави дека ќе отвори нова линија од Скопје до Салцбург, Австрија. Планирано e да започне во април 2024 година, преку целата година. Летови ќе има три пати неделно, во понеделник, среда и во петок.

Билетите се веќе достапни на wizzair.com или на мобилната апликација на компанијата.

„Со задоволство воведуваме нова рута до Салцбург од Скопје. Северна Македонија има значајно место во огромната мрежа на Wizz Air и ние сме горди што сме лидер на пазарот во земјата. Wizz Air останува посветен да им нуди на своите патници извонредни рути и можности за патување со ниски цени за да ги истражуваат атрактивните дестинации во Европа и пошироко”, изјави Тамара Никифорова, менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air.

Авионските карти до Салцбург ќе чинат 1239 денари или 20 евра.