Свет Балкан Вистинска војна во околината на Џирокастро за пад на Лазарат

Вистинска војна во околината на Џирокастро за пад на Лазарат

Поради целосен мрак, синоќа на полноќ, албанската полиција ја прекина големата акција во селото Лазарат, кралството на марихуаната, чие производство годишно се проценува на четири милијарди долари.

Околината на Џирокастро, синоќа била вистинско место на војна меѓу наркодилерите и 400 припадници на специјалната единица „Ренеа“. Полицијата својата акција посебно ја засилила по убиството на еден и по ранувањето на двајца специјалци. Сите приоди кон селото се под целосна контрола на полициските сили, досега се уапсени 11 членови на наркогрупата, меѓу кои четворица се предале. По повеќе од 20 луѓе е распишана потерница. Денеска се очекува акцијата да заврши.