Македонија Високата температура ќе се задржи до сабота

Високата температура ќе се задржи до сабота

Македонија сè уште е под влијание на топла воздушна маса, која предизвика температурата да го надмине просекот за овој дел од годината. Денеска и во следните денови ќе бидеме во жолта фаза со висок УВ-индекс.

– Температурата до сабота ќе се задржи до 38 Целзиусови степени. В недела ќе има благо повлекување на оваа топла воздушна маса и ќе има услови за локални врнежи од дожд. УВ0индексот е висок, сонцето е штетно и треба да се внимава – информираат од УХМР.