Видео Висконсин: Воз со сурова нафта излета од шини

Висконсин: Воз со сурова нафта излета од шини

Десет товарни вагони со сурова нафта вчера излетаа од шини во сојузната американска држава Висконсин, во близина на градот Вотертаун.

Локалните медиуми јавуваат дека од дел од вагоните истекло нафта. Полицијата и спасувачките екипи работат на местото на несреќата.

Засега не се знаат причините за инцидентот, кој се случил на дел од пругата на кој неодамна бил правен ремонт.
Во саботата, во близина на градот Алма, исто така во Висконсин, од шини излетаа 30 вагони полни со етанол. Локалните медиуми јавија дека околу 75.000 литри етанол се излиле од вагоните.

Во двата инциденти нема настрадани.