Македонија Виртуелна дискусија за борбата против корупцијата организира Амбасадата на САД

Виртуелна дискусија за борбата против корупцијата организира Амбасадата на САД

По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, Амбасадата на САД во соработка со американските катчиња во Македонија ќе организира виртуелен состанок со група експерти, на кој ќе се изнесуваат креативни начини за борба против корупцијата.

Настанот, кој почнува во 18 часот во американските катчиња во Скопје, Тетово, Битола, Штип и во Струга, е дел од активностите на Амбасадата на САД во Скопје, што имаат цел да ја подигнат свеста за прашања поврзани со корупцијата, за ефектите на корупцијата врз демократските институции, како и за тоа колку е важно властите да бидат одговорни пред граѓаните.

Настанот во американското катче во Скопје ќе го отвори амбасадорот на САД, Џес Бејли.