Ctrl - Z Викендов се одржа првото Отворено квиз првенство на Македонија

Викендов се одржа првото Отворено квиз првенство на Македонија

Во големата конкуренција триумфот им припадна на претставниците на Велика Британија кои ги освоија сите три места на победничкиот подиум

фото: Македонска квиз асоцијација

Изминатиов викенд заврши првото Отворено квиз првенство на Македонија (Macedonian Open 2024), соопштија од Македонската квиз асоцијација.

На првенството учествувале натпреварувачи од десет земји од три континенти – од Перт и Бризбејн во Австралија, повеќе европски земји, до Ванкувер во Канада.

Во големата конкуренција триумфот им припадна на претставниците на Велика Британија кои ги освоија сите три места на победничкиот подиум.

Првото место го освои европскиот првак од 2019 година, Иан Бејли со 130 поени. Второто место го освои Еван Линч со 128 поени, додека двојниот европски и четирикратен светски првак, Пат Гибсон заврши на третото место со 124 поени.

Македонските претставници имаа успешен настап со три од најдобрите десет пласмани, а најуспешен беше актуелниот државен првак Жан Павлов на шестото место.