Златен медал за Мила Рељиќ на меѓународен таеквондо натпревар во Израел

-

Извонреден спортски успех постигна деветнаесетгодишната Мила Рељиќ од таеквондо клубот „Тигри“ од Скопје. Таа викендов освои златен медал во конкуренција сениорки (62 килограми) на меѓународниот таекводно натпревар „Винер Израел Опен“ од Г2 серијата на меѓународните светски натпревари.

„На натпреварот учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи од 25 земји во светот меѓу кои и САД, Кореа, Индија, Бразил, Шпанија, Германија, Велика Британија. Во својата категорија, сениорки, Мила во борбата за златениот медал ги победи и репрезатативката на Израел, Наама Биненсток а во финалната борба со доминација ја победи и бронзената од последните Панамерикански Игри, претставничката од Еквадор Мел Мина“, информира тренерот Александар Ефтимов.

Тој вели дека ова е прв златен медал за Мила, која по освоениот бронзен медал во Загреб во јуни месец годинава ја докажа својата светска класа.

Ефтимов најавува и нови успеси на младата Мила бидејќи претстојат Европското клубско првенство кое ќе трае од 22 до 26 август во Талин, Естонија, потоа,  Европското првенство за млади до 21 година, кое ќе се случи на крајот на месец септември во Албанија, а исто така тој се надева на успех и на светското првенство кое ќе се одржи во ноември во Мексико.

ТикТок и руската кампања за мешање во романските избори

Никој не можеше да ги превиди резултатите од првиот круг на претседателски избори во Романија, каде независниот кандидат Калин Георгеску освои 23 отсто од гласовите. Но, токму заради овие резултати никој...

[Интервју] Фидиас Панајоту: Како млади да ја преземеме иднината во свои раце, подобро од возрасните разбираме како се развива светот

Порталб.мк подготви поинакво интервју од Европскиот парламент во Стразбур, каде разговараше со најинтересните европратеници. Еден од нив има 24 години и доаѓа од Кипар. Тој е инфлуенсер и јутјубер со над...

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското...

Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во...

ТикТок и руската кампања за мешање во романските избори

Никој не можеше да ги превиди резултатите од првиот круг на претседателски избори во Романија, каде независниот кандидат Калин Георгеску освои 23 отсто од гласовите. Но, токму заради овие...