Македонија Викендов прво прскање против комарци

Викендов прво прскање против комарци

Претстојниот викенд Град Скопје ќе почне со првото прскање против комарци во 2015 година.

Прскањето ќе се врши во период од 5.30 до 8 часот.

Аеросолната дезинсекција од земја против комарци ќе се одвива в сабота со почеток од 23 до 4 часот в недела.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.