Македонија Викендов прскање против комарци

Викендов прскање против комарци

Викендов Град Скопје ќе прска против комарци. Првата авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива в сабота и в недела, во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат тоа, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.