Видео (ВИДЕО) Зелена мачка ја шокираше Варна

(ВИДЕО) Зелена мачка ја шокираше Варна

Жителите на бугарскиот град Варна со денови гледале една необична мачка како скита по улиците. Мачката не било тешко да се забележи, имајќи предвид дека имала интензивна зелена боја.

Многумина претпоставувале дека некој намерно ја бојадисал, па на „Фејсбук“ се појави и страница со повик за казнување на одговорните. Сепак, зад изгледот на мачката постои невино објаснување.

Како што јавуваат бугарските медиуми, мачката најчесто спиела во напуштена гаража полна со зелена синтетичка боја. Мачката изгледа здраво, но од организацијата за заштита на животните предупредуваат дека бојадисувањето на животните може да има опасни последици.