Свет Балкан (ВИДЕО) Снимка од тепачката на ракометарите на Загреб и на Брест

(ВИДЕО) Снимка од тепачката на ракометарите на Загреб и на Брест

Екипите на „ППД Загреб“ и „Мешков Брест“ во вторникот го одиграа својот меѓусебен дуел во регионалната СЕХА-лига, на кој, за жал, резултатот остана во сенка на општата тепачка, во која учествуваа ракометари на двата тима, пренесе „Дерби“.

Натпреварот беше прекинат во 42. минута, а главниот судија им додели црвени картони на Јосип Валчиќ и на Дмитри Никуленков, ракометари кои беа едни од виновниците за настанатата бркотница на паркетот. За разлика од некои претходни слични ситуации, овојпат поранешниот тренер на „Вардар“, Веселин Вујовиќ, се обидуваше да ја смири настаната тензија меѓу играчите. Средбата продолжи со нормален тек по петминутната пауза, а на крајот победа остварија гостите од Брест, кои славеа со 24:21.