Свет Свет (ВИДЕО) Седум лица загинаа во поплави на Хаити

(ВИДЕО) Седум лица загинаа во поплави на Хаити

Поплавени улици во Кап-Хаитјен

Најмалку седум лица, од кои три деца, загинаа во поплавите на Хаити што се последица на поројните дождови, соопштија локалните власти.

Претставничката на Управата за цивилна заштита на Хаити, Надија Локард, изјави дека трите деца загинале во престолнината Порт-о-Пренс, кога врз нив паднал ѕид од куќата во која живееле.

Останатите четири лица загинале во градот Кап-Хаитјен на северот на земјата, при што тројца се удавиле обидувајќи се да ја преминат реката, додека четвртиот починал од струен удар.

Во Кап-Хаитјен се поплавени повеќе од 1.200 куќи, соопштија локалните власти.