Македонија (ВИДЕО) Пожар зафати три куќи во Драчево, го гаснат 15 пожарникари

(ВИДЕО) Пожар зафати три куќи во Драчево, го гаснат 15 пожарникари

Пожарникарите се на терен и засега нема информации дали има повредени лица

Фотографија од очевидци преземена со дозвола

Три бараки (куќи) горат во населбата Драчево откако избувнал голем пожар околу 17.30 часот.

Регионалниот ЦУК Скопје извести дека околу пожарот почнал на кровна конструкција од барака (куќа) на ул. „Бранко Заревски“ бр.36 во скопската населба Драчево.

Според последните информации, пожарот е проширен и биле зафатени три куќи.

Интервенираат 15 пожарникари со 6 противпожарни возила. Пожарникарите се на терен и засега нема информации дали има повредени лица.