Видео (ВИДЕО) Десет загинати во антитерористичка операција во Чеченија

(ВИДЕО) Десет загинати во антитерористичка операција во Чеченија

Најмалку десет полицајци вчеравечер загинаа, а 28 се повредени за време на антитерористичката операција во чеченскиот град Грозни, соопшти рускиот Национален антитерористички комитет.

– Во рамки на антитерористичката операција, загинаа 10 локални полицајци, а 28 се повредени. Тие ја покажаа својата храброст, нивната цивилна и воена одговорност – се вели во соопштението на комитетот и се додава дека во тек е истрага за инцидентот.

Инцидентот се случи неколку часа пред годишното обраќање на претседателот Владимир Путин.